Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Камион удри во автобус во Индија, има најмалку 18 загинати работници

Камион удри во автобус во Индија, има најмалку 18 загинати  работници
Img 7972

Најмалку 18 работници во северната индиска држава Утар Прадеш загинаа кога камион влета во автобусот во кој се наоѓаа работниците.

Нивното патување од Харјан до државата Бихар во кое живеат на 1.300 километри било прекинато кога се расипал автобусот во близина на Барабанки. За време на несреќата кога камионот удрил во нив, некои од работниците сè уште биле во автобусот, а други спиеле до или под автобусот.

Како што изјавија од полицијата , имало премногу патници во автобусот.

Еден од полициските службеници во Барабанки, рече дека патниците решиле да спијат покрај автобусот, додека возачот барал механичар кој ќе го поправи возилото.

Автобусот според полицијата најверојатно се расипал затоа што имал околу 140 патници, додека неговиот капацитет бил само за 65 патници. Ние им помагаме на семејствата, рече тој.

Додаде дека автобусот немал прозорци затоа што бил климатизиран и дека тоа ги принудило работниците да излезат на патот и да спијат таму.

Најмалку 30 лица се сериозно повредени и примени во болницата во Барабанки. Премиерот на Индија, Нарендра Моди, напиша на својот Твитер профил дека му е многу жал за оваа несреќа и им вети на семејствата на жртвите парична помош.

Можете да прочитате

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната

Орбан има неочекувани потенцијални сојузници во обидот да ја задржи Украина надвор од ЕУ