Утрински Весник
Македонија

Казнет возачот кој со автомобил го премина Камениот мост

Казнет возачот кој со автомобил го премина Камениот мост

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25. април) е санкциониран И.А. (68) од гостиварското село Чегране, кој со автомобил се движеше по Камениот мост во Скопје.

Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.

На социјалните мрежи минатата недела се споделуваа фотографии од гостиварецот кој со своето „бе-ем-ве“ минува по Камениот мост во центарот на Скопје.

Фотографиите предизивикаа лавина критики и повици од наделжните да го казнат престапникот.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено