Утрински Весник
Свет

Кадиров: Украинските нацисти имаат само два избори

Кадиров: Украинските нацисти имаат само два избори

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека украинските нацисти биле заглавени во Мариупол.

Тој додава дека имаат само два очигледни избори – доброволно да го положат оружјето или „да загинат без чест“.

Кадиров на „Телеграм“ уште еднаш тврдеше дека украинските милитанти држат илјадници цивили како заложници, што ја отежнува задачата на руските војници, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека екстремистите сега се најмногу концентрирани во областа на металуршкиот комбинат „Азовстал“.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба