Утрински Весник
Свет
Img 7972

И дискотеките во Грција ќе работат само за вакцинирани гости кои ќе мора да седат

И дискотеките во Грција ќе работат само за вакцинирани гости кои ќе мора да седат
300x250 opst2

Ноќните клубови и дискотеките во Грција, безралика дали се од отворен или затворен тип, ќе работат само за вакцинираните гости или лица кои прележале Ковид-19, според новата министерска одлука.

Од денеска и салите во затворените ресторани се наменети само за вакцинирани клиенти. Со налепници на влезната врата, рестораните предупредуваат дека клиентите без сертификат не смеат да влезат.

Во отворените дискотеки и ноќни барови, задолжително е клиентите веќе да седат на маса и строго да се почитуваат мерките за безбедно растојание меѓу нив.

„Почнува летото на седенките“, коментираат на социјалните мрежи, а сопствениците на дискотеките се убедени дека новите мерки ќе ги доведат до банкрот.

За да се избегне забраната, беше организирана забава со крстарење на брод на островот Миконос – без маски и дистанца, а влезницата чинеше 200 евра. Полицијата, сепак, го приведе екипажот на бродот.

Грчкото Министерство за здравство известува за неколку туристички области кои веќе се на ниво на „портокалов код“ поради наглото зголемување на бројот на заразени.

Меѓу нив се популарните туристички дестинации Миконос, Санторини, дел од Крит, Парос и Атика.

Во Грција вчера беа потврдени нови 2.800 заразени лица, од кои секој десетти со делта-сојот.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот