Утрински Весник
Свет

И Виетнам разви вакцина против коронавирус

И Виетнам разви вакцина против коронавирус

Вакцината против Ковид-19 што ја разви Виетнам, наречена „наноковакс“, треба да биде достапна до четвртиот квартал на оваа година, објави виетнамската влада.

Виетнам вакцинира повеќе од 16.000 луѓе со вакцините на „Астразенека“ што ги прими минатиот месец, наведуваат од владата, пренесува „Ројтерс“.

Владата додава дека тие се во преговори за набавка на вакцини од други производители, меѓу кои се и вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“, како и вакцината „спутник В“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза