Утрински Весник
Свет

Истрага во Бразил, старите лица ги вакцинирале со празни шприцови

Истрага во Бразил, старите лица ги вакцинирале со празни шприцови

Обвинителството во Рио де Жанеиро започна опсежна истрага поради извештајот во кој се тврди дека на еден дел од населението наместо вакцини му бил инјектиран воздух од празен шприц.

Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до локалните власти и здравствените претставници да помогнат во напорите да се разбере што навистина се случило со вакцините наменети за стари лица.

Во државата Рио има најмалку три случаи на, како што локалните медиуми ги нарекуваат „инјекции со воздух“, со кои здравствените работници вакцинирале од празни шприцови.

Вработените вмешани во измамата биле отпуштени, а постарите луѓе кои примиле лажни вакцини подоцна биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.

Доколку полицијата утврди дека вакцините се пренасочени на друга страна, оние што биле вмешани во тој скандал би можеле да бидат гонети за проневера, за што се предвидени до 12 години затвор, пренесува 021.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк

Абас: Признавањето на палестинската држава е чекор кон траен мир

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан