Утрински Весник
Спорт

Истекува трпението на Јувентус со Дибала

Истекува трпението на Јувентус со Дибала

Италијанскиот калчолигаш Јувентус е на крајот од трпението во преговорите со Пауло Дибала за нов договор. Оваа седмица е најавена нова рунда преговори меѓу раководството на клубот и агентот на Пауло Дибала. Доколку страните не успеат да постигнат договор, клубот од Торино е подготвен да ги прекине понатамошните разговори за нова соработка, тврдат италијанските медиуми.

Јувентус му нуди на Дибала 7 милиони евра по сезона, плус 3 милиони евра како бонуси за успеси со клубот. Клубот исто така бара од агентот на Дибала, Хорхе Антун, да се откаже од голем дел од провизијата за новиот договор.

Дибала оваа сезона одигра 27 натпревари за Јувентус, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.

> Истекува трпението на Јувентус со Дибала <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026