Утрински Весник
Економија

Индустриското производство во мај со пад од 27 отсто

Пораст од 12,9 проценти на прометот во индустријата од почетокот на годинава
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 4,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,6 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Еенергија за 9,2 отсто,  интермедијарни производи, освен енергија за 22,5 отсто капитални производи за 47 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 48,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,3 отсто.скс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка