Утрински Весник
Македонија

Имаме план за справување со блокадите на опозицијата, тврди Социјалдемократскот сојуз

Dik 300x250 mk

СДСМ има план како да се справи со блокадите од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека најавата за засилени блокади на Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата. Ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. СДСМ, парламентарното мнозинство досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега“, велат од СДСМ.

Партијата на власт уверува дека заедно со граѓаните нема да дозволи „ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски државата да ја држат во заложништво заради лични и партиски интереси“.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија