Утрински Весник
Спорт

Игуаин сака да ја заврши кариерата во Ривер Плата

Игуаин сака кариерата да ја заврши во Ривер

Торино, 23 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин сака да ја заврши кариерата во Ривер Плата. Аргентинецот ја започна својата кариера во аргентинските гиганти, од каде беше привлечен во Реал Мадрид во 2006 година.

Од 2016 година играше за Јувентус, со кого има договор до 2021 година.

– Ривер ми даде сè. Јас се развив таму и добив можност да се преселам во Реал. Тимот на Гаљардо игра атрактивен фудбал и има квалитет и сила. Нивниот централен напаѓач добива многу можности за гол. Јас често ја гледам Ривер и се надевам дека ќе ја завршам кариерата таму, вели Игуаин, цитиран од италијанските медиуми.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара