Утрински Весник
Спорт

Зидан со јасен став – Варан ќе остане во Реал

Зидан со јасен став – Варан ќе остане во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ја отфрлил можноста Рафаел Варан да го напушти клубот. Францускиот репрезентативец се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед.

Варан има 27 години, а неговиот договор со Реал истекува во јуни 2022 година.

„Клубот го дели мојот став, Варан ќе остане во Мадрид. Сите работи по ова прашање се јасни. На луѓето не можеме да им забраниме да зборуваат, но тоа ништи нема да смени“, рекол Зидан.

Варан е член на Реал од 2011 година. Претходно играше во Ленс. Со Реал ги освоил сите трофеи во клупскиот фудбал.

> Зидан со јасен став – Варан ќе остане во Реал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина