Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Зидан по поразот од Кадиз: Немам објаснување!

Зидан по поразот од Кадиз: Немам објаснување!
300x250 opst2

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не бараше изговори по вчерашниот пораз на неговата екипа на домашен терен од новиот прволигаш, Кадиз со 1-0.

„Немам објаснување. Изгубивме и тоа мора да го прифатиме. Не можеме да сме задоволни од она што го покажавме, и не сме. Но вакви работи се случуваат во фудбалот. Лошо го почнавме мечот, ни беше тешко уште од почетокот. По паузата бевме подобри, но ако не тргне како што треба на стартот, после тешко е да се вратиш. Се мачевме и немаме изговори“ рече Французинот.

Зидан смета дека овој пораз нема многу да влијае на екипата.

„Изгубивме меч и ништо повеќе од тоа. Секако, важни 3 бода испуштивме на домашен терен, но тоа е тоа. Мораме да се фокусираме на следниот меч“ – вели тој.

А следниот меч за „Кралевите“ од Мадрид е оној против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампиони, по што следува „Ел Класико“.

> Зидан по поразот од Кадиз: Немам објаснување! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН