Утрински Весник
Свет

Зеленски за Ле Пен: Ако таа сфати дека е измамена нашиот однос може да се промени

Зеленски за Ле Пен: Ако таа сфати дека е измамена нашиот однос може да се промени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен, која е критикувана за нејзината блискост со Русија, да признае дека се излажала, додавајќи и  дека не сака да ги загуби односите со Емануел Макрон, кој исто е претседателски кандидат.

„Ако кандидатката сфати дека се излажала, нашиот однос може да се промени“, изјави Зеленски за BMFTV.

„Но“, продолжи Зеленски, „не сум убеден дека имам право да влијаам на она што се случува кај вас“.

Марин Ле Пен и Емануел Макрон, кандидатите во вториот круг од претседателските избори во Франција, треба да се соочат во телевизиска дебата во среда навечер.

„Сакам да кажам дека очигледно ги одржувам врските со Макрон и не би сакал да ги загубам“, рече Зеленски.

На Марин Ле Пен и беше забрането да престојува во Украина во јануари 2017 година, откако ја бранеше анексијата на Крим.

Таа ја осуди руската инвазија на Украина на 24 февруари, но повторно повика на зближување меѓу НАТО и Русија откако војната ќе заврши.

Таа, исто така, е критикувана за посетата на Владимир Путин за време на претседателските избори во 2017 година, а нејзината партија продолжува да отплаќа заем од 9 милиони евра од руската банка „Прва Чешка“ која се поврзува со Кремљ. Кредитот го зеде од Русија откако француските банки го одбија.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати