Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Зголемен водостојот на Охридското и Дојранското Езеро

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера со што го достигна просечното ниво за февруари, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на двете останати природни езера во земјава се исти како вчера со тоа што водостојот на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисок од просечниот, додека кај Преспанското Езеро е за 78 сантиметри понизок од вообичаениот.

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просечните, со исклучок на Лепенец  кај Скопје каде нивото е исто со просечното, и во најголем дел бележат мало намалување во однос на вчера. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Се степале две пензионерки кај Бит-пазар

УЈП ја објави новата листа на должници: Вкупен долг од над 11 милијарди денари