Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

За четворица играчи повеќе нема место во Интер

За четворица играчи повеќе нема место во Интер
Img 7972

Антонио Конте и Интер ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да продадат четворица фудбалери, за да обезбедат засилувања, со кои клубот ќе се обиде да ја освои титулата во Серија А.

Италијанските медиуми тврдат дека на трансфер-листата ќе бидат ставени фудбалерите од редот за врска: Раџа Наинголан, Матијас Весино, Кристијан Ериксен и Иван Перишиќ.

Наинголан никогаш не бил во плановите на Конте, Ериксен не ја искорсити шансата, а Весино како одминува сезоната се помалку игра, додека Перишиќ не може да игра винг-бек во формацијата 3-5-2.

Прва цел на Интер во зимскиот преоден рок ќе биде Родриго Де паул од Удинезе. Исто така, Конте ќе се обиде да го донесе и Нголо Канте, што ќе биде тешко бидејќи францускиот репрезентативец е важен дек од тимот на Челси.

Интер, исто така, се и во потрага по напаѓач. Во комбинација се Жервињо од Парма, Аркадијуш Милик од Наполи и Оливие Жиру од Челси.

> За четворица играчи повеќе нема место во Интер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН