Утрински Весник
Спорт

За потсетување – Роналдињо беше првиот кој имаше над милион прегледи на Јутјуб

За потсетување – Роналдињо беше првиот кој имаше над милион прегледи на Јутјуб

На 17-годишнината од стартувањето на популарниот вебсајт за видеа, Јутјуб, дел од фудбалските фанови ги потсетија сите дека славниот бразилски ас, Роналдињо бил првиот човек кој го „скршил“ Интернетот со над 1 милион прегледи на платформата.

Во 2005 година, „Најк“ направија фантастична работа ангажирајќи го Роналдињо за промоција на нивните нови копачки „Најк Тиемпо“, со . во кое Бразилецот прави работи кои се невозможни (и подоцна предизвикаа дискусија околу веродостојноста).

Успехот е уште позначаен бидејќи тоа е во „ерата“ пред Фејсбук, Твитер и другите социјални мрежи.

> За потсетување – Роналдињо беше првиот кој имаше над милион прегледи на Јутјуб <

Можете да прочитате

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара

Турција по 24 години повторно на Светско првенство – Косово падна со 1:0