Утрински Весник
Свет

Захарова потврди дека Русија повлекува дел од својот дипломатски персонал од Украина

Захарова потврди дека Русија повлекува дел од својот дипломатски персонал од Украина

Русија почна да повлекува некои вработени во своите дипломатски мисии во Украина, поради страв од провокации од украинските власти или од трети земји, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Како што рече, со оглед на значителното влијание што Вашингтон и Лондон го имаат врз Киев, заклучиле дека Американците и Британците очигледно се свесни дека во Украина се подготвуваат одредени дејствија што би можеле значително да ја комплицираат безбедносната ситуација.

САД вчера предупредија дека во следните неколку дена е можна руска инвазија врз Украина.

Можете да прочитате

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија

Европа на нозе, денеска протести во неколку земји

Сибиха: Зеленски е подготвен да преговара со Путин за териториите, но не во Москва