Утрински Весник
Македонија

Заев: Обединетите Нации се симбол за глобалниот мир и безбедност

Заев: Обединетите Нации се симбол за глобалниот мир и безбедност

Годинава Организацијата на Обединетите нации одбележува значаен јубилеј – 75 години од основањето. По тој повод, премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи напиша дека ОН денес се симбол за глобалниот мир и безбедност.

„И покрај множеството предизвици, ОН го наметнаа принципот на дијалог и почитување при превенирањето и решавањето на предизвиците и низ начелата на соработка и солидарност, покренуваат иницијативи за надминување на горливите светски проблеми. Денес кога се соочуваме со пандемијата од КОВИД-19, најголемата закана по Втората светска војна, ОН преку Светската здравствена организација повторно има централна улога координирајќи ги меѓународните активности за заштита“, напиша Заев.

Годинава Организацијата на обединетите нации одбележува значаен јубилеј – 75 години од основањето. Формирана во 1945…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, October 24, 2020

Во насока на поддршка и поттикнување на универзалните човечки вредности, Заев вели дека Владата ја реафирмирала својата посветеност кон реализација на Агендата 2030 на Организацијата на обединетите нации, која обезбедува универзална рамка за зајакнување на колективната акција кон заедничките цели и предизвици за заеднички просперитет.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски

Полицијата со низа интервенции: Насилство врз сопруги, партнери и малолетник во повеќе градови

Недостига лек за рак на дојка – ФЗО најавува решение за две недели