Утрински Весник
Македонија

Заев: За прв пат граѓаните имаат Влада која е тука да им се најде кога е најпотребно

Заев: За прв пат граѓаните имаат Влада која е тука да им се најде кога е најпотребно

Прв пат имаат граѓаните своја Влада, која ја избрале и е тука да им се најде, без разлика колку тоа чини, да се реалоцираат и да се најдат средства од Буџетот. Откупот на грозјето оваа година беше пример дека граѓаните имаат своја Влада подготвена да помогне секогаш кога на нив тоа им е потребно, рече премиерот Заев на седницата за пратенички прашања.

Фокусирајќи се кон одговорот околу состојбите во лозарството, Заев посочи дека 45 проценти во цената, или вкупната сума на пари што ја добиле лозарите е од откупувачите, а 55 проценти од својата земја.

„Тоа никој пат не било така, причините се нормално последиците од Ковид, што ги намали пласманите на винското грозје, односно виното, останати количини на залихи и неопходноста од интервенција на државата. Државата не се мислеше кога требаше да им се помогне на лозарите и тоа го направи. Покрај стандардните субвенции по хектар, кои се даваат, а се дополнително зголемени во последните години – даде дополнително 2 денари, уште плус 2 денари, па уште 4 денари, па плус мерката за извоз – да стимулира, сé со конечна цел да се откупи и последното зрно грозје. Тоа го направивме. Кога се јавија потребите за дестилирање, тоа беше дополнително можност како алатка да им помогнеме на лозаропроизводителите да дојдат до екстра 4 денари. Парите се сите кај производителите, не се кај откупувачите. Денес кога зборуваме е исплатено сè. Сè. Дополнително со репрограм се најдоа пари и дополнителните средства да можат да бидат исплатени“, објасни премиерот.

Тој посочи дека и мерката за извозот дава резултат.

„Оваа година ни е со најголем извоз на винско грозје, посебно наливното вино, токму заради стимулацијата која ја дадовме, за повеќе да се извезува. Работиме максимално на поддршка на сè што е поврзано со извозот, за да постигнат нашите трговци, откупувачи, поголема компетитивност на меѓународните пазари и поголем дел од македонското грозје да се пласира колку што може повеќе надвор“, додаде Заев.

Можете да прочитате

Територијата на Македонија, како и на целиот Балкански Полуостров под влијание на Антициклон – Следува сушен период!

Приведен косовски државјанин, превезувал  стока без документација

Рокас: Единствена цел во мојот мандат е да и помогнам на земјава да влезе во ЕУ