Утрински Весник
Македонија

Завод и Музеј-Битола промовира Зборник на трудови

Завод и Музеј-Битола промовира Зборник на трудови

Битола, 13 февруари 2020 (МИА)Националната установа Завод и Музеј-Битола го отпечати и промовира најновиот Зборник на трудови, стручно-научно публикација чиј издавач е таа национална установа.

Зборникот содржи 16 научни трудови од различни научни области, и се печати по подолга пауза, односно застој кој конечно е прекинат благодарение на поддршката на Министерството за култура кое го финансираше издавањето на најновиот број на Зборникот, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

-Министерството ја препозна важноста на Зборникот и го сврсти во програмата за поддршка на проекти од национален интерес во културата. Во списанието објавени се 16 трудови на автори од различни генерации посветени на истражувања и пишувања на теми од областа на конзервација и реставрација, археологија, историја на уметност, современа уметност и класична филологија, посочи Енгин Насух, прв човек на редакцискиот одбор, избран за подготовка и печатење на зборникот.

Првиот број на Зборникот на научни трудови чиј издавач е НУ Завод и Музеј-Битола е отпечатен во 1989 година на иницијатива на Димитар Димитровски, тогаше директор на таа установа.мт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на Фестивалот „Питијада 2024“ – прослава на велешка пита и вино

ЕУ обезбедува 6 милијарди евра за реформите – Северна Македонија добива зелено светло за предфинансирање

Меџити ја постави дилемата зошто Уставниот суд одлучува со просто мнозинство