Утрински Весник
Спорт

Ешли Барти нема да игра на Ју-Ес опен

Ешли Барти нема да игра на Ју-Ес опен

Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти нема да настапи на Ју-Ес опен. Австраликата била загрижена од пандемијата на коронавирусот поради што и решила да го откаже настапот.

Последен пат првопласираната на ВТА листата го пропуштила Ју-Ес опен во 2010 година. Тогаш на турнирот поради повреда не настапи Серена Вилијамс.

„Нема да настапиме на ју-Ес опен, а дополнително ќе донесеме одлука за Ролан Гарос. Ризикот од зараза со Ковид-19 и понатаму е голем, едноставно не се чувствувам пријатно, јас и мојот тим не сакаме да ризикуваме“, рекла Барти.

Според „Њујорк Тајмс“, Барти нема да настапи ниту на „Отвореното првенство на Западот и Југот“. Овој турнир е вториот најголем на американската турнеја која традиционално се одржува во летниот период.

Познато е дека на овој турнир нема да учествуваат четири тенисерки од Топ 10, тоа се Симона Халеп, Елена Свитолина, Бјанка Андреску и Наоми Осака.

Ешли Барти има 24 години, досега во кариерата освоила осум ВТА титутли во сингл, вклучувајќи го и Ролан Гарос во 2019 година.

> Ешли Барти нема да игра на Ју-Ес опен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Не сум лош иако остарев

Ален Рустемовски го помина првото коло на ЕП во бокс, елиминирани Исени и Лена

Шпанија минимално, Србија ја совлада Швајцарија