Утрински Весник
Свет

ЕУ им се заканува на Русите со санкции за гас и нафта

ЕУ им се заканува на Русите со санкции за гас и нафта

Европската унија ќе воведе дополнителни санкции кон Русија, покрај последниот пакет мерки објавен вчера, а кои најверојатно ќе вклучуваат мерки против увозот на руска нафта, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Овие санкции нема да бидат последни“, изјави фон дер Лаен пред Европскиот парламент за време на презентацијата на последниот пакет санкции, кој вклучува забрана за купување руски јаглен, пренесува „Ројтерс“.

Таа додаде дека сега останува да се види нафтата и приходот што Русија ги добива од фосилните горива.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот