Утрински Весник
Македонија
Img 7972

„Еурактив”: Берлинскиот ѕид допрва треба да падне за Скопје

„Еурактив”: Берлинскиот ѕид допрва треба да падне за Скопје
Img 7972

Бугарија нема интерес да ја обиколи Северна Македонија со нов Берлински ѕид, вели во изјава за „Еурактив” бугарскиот професор и експерт за политички комуникации, Иво Инџов.

„Бугарија не може да си дозволи да го блокира својот западен сосед долго време бидејќи тоа ќе генерира нов бран на антибугаризам во македонското општество“, рече тој.

Според, Инџов бугарскиот премиер Кирил Петков е во право дека со интензивирањето на економската соработка, може да се создаде атмосфера на доверба меѓу двете држави.

Историчарот доц. проф. Стефан Дечев смета дека надворешната политика треба да ја води Владата во Софија. Тој се согласува со премиерот дека Бугарија доцни со својот активен пристап кон Северна Македонија.

„Единствениот проблем што го гледам е тоа што владата не ги користи медиумите на најдобар начин за да ја објасни својата политика“, рече тој за „Еуроактив“.

Во текстот се зборува и за средбата на македонскиот претседател, Стево Пендаровски со претставници на „ОМО Илинден” – организавија којашто во Бугарија беше прогласена за неуставна. Бугарскиот претседател, Румен Радев ги нарече нивните претставници сепаратисти со претензии кон малцинство.Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не гледа закана за националната безбедност на Бугарија од страна на „ОМО Илинден” и инсистираше таа да биде регистрирана, потсетувајќи на основната вредност на ЕУ – правото на слободно самоопределување.

„Еуроактив“ во текстот наведува и дека додека Радев се спротивстави на средбата, премиерот Петков ја игнорираше темата „ОМО Илинден”.

Можете да прочитате

Филипче од Ресен: На 19 октомври масовно излезете на изборите, заедно да ја вратиме надежта

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени