Утрински Весник
Свет

Ердоган: Не добивме предлози за прашањето на Финска и Шведска за влез во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата сè уште не добила конкретни предлози за решавање на загриженоста во врска со кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО.

Анкара се спротивстави на кандидатурата на двете земји за алијансата затоа што тие ги поддржуваат групите што ги сметаат за терористи, пренесува „Ројтерс“.

Ердоган изјави во парламентот дека Турција сака да види искрен пристап на двете нордиски земји кон нивните грижи и истакна дека Анкара нема да го промени својот став доколку не види конкретни и обврзувачки чекори.

Можете да прочитате

Трамп: САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот Теснец

Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

Руски борбен авион Су-30 се урна над Крим