Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Еминем клекна на колено по настапот на полувремето на „Супербоул“

Еминем клекна на колено по настапот на полувремето на „Супербоул“
Img 7972

Снуп Дог и Др Дре се обединија за California Love, ненајавениот гостин Фифти Сент висеше наопаку, а раперот Еминем клекна на едно колено откако ја испеа својата песна на енергичното шоу на полувремето на „Супербоул“ што се одржа во неделата (13 февруари) на стадионот SoFi надвор од Лос Анџелес.

Поставата преполна со хип-хоп пејачи, меѓу кои и аренби ѕвездата Мери Џеј Блајџ и раперот Кендрик Ламар, го стави хип-хопот во фокусот на екстраваганцата на полувремето, шоу кое привлекува врвни светски музички изведувачи.

Еминем го заврши својот хит Lose Yourself така што клекна и ја стави главата во раката, гест што поранешниот бек Колин Каперник го направи додека се интонираше американската химна на НФЛ-натпревар како повик за расна правда.

Каперник не играл од сезоната 2016, бидејќи ниту еден тим од националната фудбалска лига (НФЛ) не го ангажира откако почна да седи на интонирање на химната.

Порталот Puck објави претходно во неделата дека НФЛ му кажала на Еминем да не клекнува за време на настапот. Портпаролот на НФЛ не одговори веднаш на барањето за коментар.

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“