Утрински Весник
Македонија

Еко-акција за чистење мини депонии во Бутел, во првата фаза отстранет 20 тони шут

Еко-акција за чистење мини депонии во Бутел, во првата фаза отстранет 20 тони шут

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Општина Бутел спроведе еко-акција каде се исчитија повеќе локации на цела територија на Општината.

Досега, како што соопшти Општината, се исчистени пет локации каде имало мини депонии и тоа во село Радишани улица „8“ на спојот со патот на село Љуботен, улиците „Бутелска“ – кај Расадник, „Бетовенова“ на спој со „Алекдандар Бујнов“, парк површина од улицата „Груица Војвода“ позади кино Бутел, Скопје – Север улици „Гоце Стојчевски“ и „Боро Менков“.

Акцијата се спроведува во координација на комуналното одделение на Општина Бутел и секторот за комунални работи на Град Скопје.

Во првата фаза од акцијата, информираат од Општината, исфрели се десет камиони – 20-тони шут во депонијата „Дрисла“.

Во втората фаза предвидени се уште три локации од кои патот од гробишта Бутел кон патот кој води до Кучевишка Бара, последна 8-ца н.м Љуботенски пат. Предвидена е и санација на најголемата депонија од улица „Александара Урдаревски“ на патот кон гробишта Бутел, односно од левата страната после мостот на реката Серава.

– Општина Бутел и во иднина ќе продолжи со акциите за чистење на сите депонии кои се наоѓаат на нејзината територија. Воедно, општина Бутел апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини и да го почитуваат Законот за јавна чистота, се наведува во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец