Утрински Весник
Македонија

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Скопјанец со автомобилот удрил во својот малолетен внук

Вчера во 13.10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Сливово, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(50) од кичевското село Црвевци и товарно возило „ман“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.К.(53) од велешкото село Бузалково.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што бил префрлен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата изврши Јавен обвинител и полициски екипи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЈП ја објави новата листа на должници: Вкупен долг од над 11 милијарди денари

Загина велосипедист на лице место – Бил удрен од товарно возило

Мини лето од понеделник: Есента носи свежи утра, топол ден