Утрински Весник
Политички Партии

Единствена Македонија: Заев да каже какви отстапки направи со новиот предлог до Бугарија

Единствена Македонија: Заев да каже какви отстапки направи со новиот предлог до Бугарија
Ss2

Од Единствена Македонија велат дека по вчерашната посета во Софија излегла информацијата дека Зоран Заев понудил нов конкретен предлог до Бугарија за решавање на т.н. бугарско-македонски спор.

„Јавноста е сведок дека Заев досега со секоја своја изјава, со секоја своја посета на Софија се повеќе ги распродава македонските национални интереси. Засега останува тајна содржината на новиот предлог на Заев за кој се зборува по вчерашната посета на Софија, но, го потсетуваме Заев да ја прекине опасната авантура за подарување на македоснкиот идентитет, историја, јазик и култура на Бугарија, бидејќи нема мандат за распродажба на националните интереси“, велат од партијата.

Ss1

Од таму велат дека прашањето за Македонија и Македонците не е прашање на една партија, на една влада.

„Единствена Македонија го повикува Заев да го покаже новиот антимакедонски предлог што вчера го дал до Софија. Новата народна власт која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори, одговорност за рушење на Македонија и Македонците мора да има, и ќе има“, велат од Единствена Македонија.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт