Утрински Весник
Македонија

Евроинтеграцијата на Северна Македонија е безбедносно прашање, смета австрискот канцелар

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на безбедносната конференција ГлобСек 2022 во Братислава оствари средба со канцеларот на Австрија, Карл Нехамер.

Како што информираат од владината прес-служба, Ковачевски и Нехамер изразиле задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Северна Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите: обновливи извори на енергија, градежништво, банкарство и осигурување.

Премиерот на средбата ја нагласил огромната поддршка на Австрија за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион.

„Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ со отворање на поглавјата низ преговорите“, била една од заедничките констатации од разговорот, пришто било нагласено дека секое натамошно одлагање може да има сериозни безбедносни последици за регионот и за Европа.

Можете да прочитате

Лимани: Размените меѓу младите се инвестиција во иднината и клуч за задржување на младите во регионот

Стојанче ѝ се заканувал на Ивана со објавување експлицитни видеа, сведочеше сведокот Саздов пред судот 

Петрушевски: Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името