Утрински Весник
Спорт

Евертон потврди дека Анчелоти оди во Реал!

Евертон потврди дека Анчелоти оди во Реал!
Dik 300x250 mk

Евертон со официјално соопштение потврди дека се разделува со Карло Анчелоти, но и додаде дека тој ќе стане нов тренер на Реал Мадрид по заминувањето на Зиндин Зидан.

Анчелоти пристигна на „Гудисон парк“ со договор од четири и пол години во декември 2019 година и заминува по само 18 месеци.

„Би сакал да му се заблагодарам на бордот на директори, на фудбалерите и на сите навивачи на Евертон за огромната поддршка што ја добив. Имам апсолутна почит кон сите во Евертон и се надевам дека ќе го исполнат огромниот потенцијал. Иако уживав додека бев во Евертон, добив неочекувана шанса, која мислам дека е вистинска за мене и за моето семејство во овој момент“, изјави Анчелоти.

Анчелоти во периодот 2013-2015 година го предводел Реал на 119 натпревари, тимот победил 89 пати, 14 пати играл нерешено и забележал 16 порази освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите во 2014 година.

> Евертон потврди дека Анчелоти оди во Реал! <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето