Утрински Весник
Свет

Драматично видео од уривање на мост – камион се обидува да го помине и паѓа во реката

Драматично видео од уривање на мост – камион се обидува да го помине и паѓа во реката

На социјалните мрежи се појави видео кое е направено на истокот на Русија, на кое се гледа како камион се обидува да премине  мост, кој се урива во еден момент.

Видеото е направено во селото Уриум, источно од Москва.

Во еден момент камионот полека се приближува до мостот и се обидува да го помине, иако е тесен и не е толку стабилен во структурата.

Во следниот момент целата конструкција почнува да се руши и заедно со возилото паѓа во реката. Сепак, според медиумите, возачот ја преживеал несреќата со огромна среќа.

 

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“