Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Доњецк планира да се приклучи кон Русија, вели лидерот на сепаратистите

Доњецк планира да се приклучи кон Русија, вели лидерот на сепаратистите
Img 7972

Самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, поддржана од Русија, размислува да и се приклучи на Русија кога ќе завладее со целиот регион Доњецк, ја објавија локалните медиуми изјавата на сепаратистичкиот лидер Денис Пушилин.

„Желбата и стремежот да се приклучат кон Руската Федерација, односно да се биде дел од Русија, постојат од 2014 година“, рече Пушилин.

„Но, сега главната задача е да ги достигнеме уставните граници на републиката“, рече тој.

Тој говореше два дена откако лидерот на Луганск, друг регион поддржан од Русија, рече дека може да одржи референдум за приклучување кон Русија.

Киев рече дека нема правна основа за гласањето и оти потегот ќе предизвика силен меѓународен одговор.

Три дена пред да нареди напад врз Украина на 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин ги призна отцепените области Луганск и Доњецк како независни држави, иако остатокот од светот ги смета за делови на Украина.

Украина, која тврди дека се бори за опстанок против руските империјалистички начини за заземање на земјата, повторува дека нема да прифати руска анексија на нејзините територии, што ги отежнува мировните преговори со Москва.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот