Утрински Весник
Свет

Дојава за бомба на московскиот аеродром Шереметјево, се пребаруваат терминалите

Дојава за бомба на московскиот аеродром Шереметјево, се пребаруваат терминалите

Службите за итни случаи ги пребаруваат сите терминали на московскиот аеродром Шереметјево, по анонимна дојава дека на аеродромот била поставена бомба.

Аеродромот не беше евакуиран, пренесува Tасс.

Претходно денес, службите за итни случаи контролираа училишта и градинки во московскиот регион Љуберци, како и супермаркетите „Магнит“, поради пријава за бомба.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот