Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Добиле шест пати поголема доза на „Фајзер“ од дозволеното, 77 затвореници во Америка под надзор

Добиле шест пати поголема доза на „Фајзер“ од дозволеното, 77 затвореници во Америка под надзор
300x250 opst2

Во затворот во сојузната држава Ајова, 77 затвореници се под надзор поради несакани реакции откако ненамерно им е инјектирана шест пати поголема доза од нормалната од вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“.

Две медицински сестри во затворот Форт Медисон во Ајова погрешно ја примениле вакцината, се вели во соопштението од затворот.

Инцидентот се случи во вторникот, што довело до прекинување на вакцинацијата во затворот.

Портпаролот на казнено-поправниот дом во Ајова, Корд Овертон, изјави дека повеќето затвореници кои примиле поголема доза на вакцина имале симптоми слични на оние поврзани со нормалните дози на вакцината, како што се болка во рацете и телото. Најмалку еден затвореник добил треска.

Затворските службеници побарале упатства од експертите од Центрите за контрола и превенција на болести, Фајзер и Универзитетот во Ајова, кои препорачуваат затворениците да се следат најмалку 48 часа.

Мајка на еден затвореник изјавила дека нејзиниот син и другите затвореници имале бројни несакани ефекти, како што се гадење и сериозна дехидрација.

Вакцината од компанијата „Фајзер/Бионтек“ се транспортира и чува во замрзната состојба и е спакувана во концентрирана форма, па се разредува со физиолошки раствор пред да се даде на пациентите, велат надлежните.

Државните службеници не дадоа конкретно објаснување за начинот на предозирање на затворениците, но можно е вакцините да биле дадени без разредување, пишуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари