Утрински Весник
Македонија

Димитров: Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите, но вистинскиот противник е корупцијата

Димитров: Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите, но вистинскиот противник е корупцијата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера“, во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на ОБСЕ, којашто се одржува он-лајн на 6 и 7 јули.

„Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето“, истака Димиров.

Во присуство на министри и други високи претставници на земјите-учеснички на ОБСЕ, министерот ја реафирмираше определбата на Владата за борбата против корупција, како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата. Притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“ кој овозможува увид во преку 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво, укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.

Конференцијата, посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, Претседателот на Владата и МНР на Албанија Еди Рама, Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер и министерката за правда на Република Албанија Етилда Ѓонај. Министерот Никола Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и МНР на Извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (UNODC) г-ѓа Гхада Фати Валу, МНР на Обединетото кралство, како и други министри за надворешни и за правда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни доаѓа првиот снег за оваа сезона!

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност прашуваат од СДСМ