Утрински Весник
Свет

Ден на жалост во Либан по вчерашните експлозии во Бејрут

Ден на жалост во Либан по вчерашните експлозии во Бејрут

По стравотните експлозии во Бејрут, во кои има голем број жртви и повредени, денеска е прогласен ден на жалост во Либан. Во експлозиите кои уништија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина, загинале над 70 лица, додека околу 4.000 се повредени.

Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека експлодирал складиран 2.750 тони амониум нитрат

„Неприфатливо е товарот на амониум нитрат, проценет на 2.750 тони, да се чува складиран шест години, без никаков надзор“, рече тој, додавајќи: „Ви ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност. Одговорните ќе ја платат цената“, рече тој во телевизиското обраќање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради топлотен бран затворени училишта низ Европа – температурите одат до 46°

Во Турција повеќе од 50.000 луѓе евакуирани поради шумски пожари

Силен земјотрес во Неапол – 24info.mk