Утрински Весник
Македонија

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“, на состаноците на мешовитата историска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Средбите ќе се одржат онлајн денеска и утре.

Членовите на комисијата претходно се состанаа за да разговараат за содржините во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот периоди и образовни прашања. Како што информираа копретседателите на комисиите по завршувањето на тој состанок, малку било разговарано за Гоце Делчев и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.

Говорејќи за средбите на комисиите, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, утрово оцени дека засега не е постигнат значителен напредок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово