Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Две години затвор за лажен сертификат за вакцинација во Германија

Две години затвор за лажен сертификат за вакцинација во Германија
Img 7972

Фалсификувањето или користењето лажни потврди за вакцинација ќе се казнува со затвор до две години според новиот предлог-закон во Германија.

Претходно, германската полиција објави дека фалсификуваните документи за вакцината против коронавирус стануваат се поголем проблем.

Проблемот се појави среде релаксација во карантин за луѓето кои биле вакцинирани или прележале коронавирус.

Полициските службеници во Германија во четвртокот предупредија дека криминалците веќе почнале да продаваат недозволени докази за вакцинација против Ковид-19 и дека проблемот се чини дека продолжува.

Предупредувањето дојде откако Германија укина одредени услови за изолација за поединци кои биле вакцинирани или прележале коронавирус.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори