Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Двајца кумановци со кривични пријави заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Малолетници извршиле насилство врз соученици во кумановско
Img 7972

Куманово, 19 март 2020 (МИА) – СВР Куманово, денеска поднесе две кривични пријави  до основното јавно обвинителство против две лица кои не ги спроведувале здравствени прописи во време на епидемијата. Иако и двајцата потпишале изјава дека ќе спроведат задолжителна самоизолација, откако се вратиле од две високо ризични држави, при  извршените контроли, полицијата не ги нашла на наведените адреси.

Од СВР Куманово до ОЈО Куманово биле поднесени кривични пријави против Н.Т. (39) и против Н.К.(50), двајцата од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик на РСМ.

Н.Т., враќајќи се од Италија, како високо ризична земја утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 15.март годинава влегол во државата, преку ГП „Ќафасан“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово два дена подоцна, тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

Пријавениот Н.К., враќајќи се од Австрија како високоризична земја, утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 16. март годинава, влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Деве Баир“ И тој потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.март годинава, тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата. ам/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ

Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ е наследник на највозвишениот дел од македонската историја