Утрински Весник
Свет

„Да бев психијатар ќе помислев дека има проблем“, Трамп го исмеа Бајден поради носењето на маска

„Да бев психијатар ќе помислев дека има проблем“, Трамп го исмеа Бајден поради носењето на маска

Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува на сметка на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, поради начинот на кој ја носи заштитната маска.

На митинг во Пенсилванија, Трамп ги праша собраните приврзаници, од кои повеќето немаа заштитни маски, дали познаваат човек кој сака да носи маска како Бајден.

„Тоа му дава чувство на сигурност“, рече Трамп и додаде:

„Да бев психијатар, би рекол дека овој човек има големи проблеми“.

Си-ен-ен пренесувајќи ја веста потсети дека со повеќе од шест милиони инфекции, САД се уште се прва земја во светот според бројот на заболени од Ковид-19, како и дека бројот на смртни случаи надминал 185.000.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија