Утрински Весник
Македонија

Данела Арсовска одби да се соочи со Шилегов и другите кандидати во студиото на „Макфакс“ и „А1он“

Данела Арсовска одби да се соочи со Шилегов и другите кандидати во студиото на „Макфакс“ и „А1он“

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска одби да присуствува на дебата на „Макфакс“ и „А1он“ со другите кандидати за градоначалник на Град Скопје.

Иако е право на секој кандидат како ќе се однесува во текот на кампањата и избор каде ќе настапува, сепак очигледно е дека Арсовска засега избегнува директно соочување со другите кандидати, посебно со актуелниот градоначалник.

Утре на дебата во студиото на „Макфакс“ и „А1он“ ќе се соочат кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Сите кандидати кои беа поканети го прифатија учеството, освен Данела Арсовска, а првично прифати, а потоа откажа кандидатот поддржан од Левица.

Од тимот на Арсовска ја одбија поканата со образложение дека таа е зафатена со претходно договорени обврски во кампањата.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна