Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Охајо негативен на коронавирус девет часа по првиот позитивен тест

Гувернерот на Охајо негативен на коронавирус девет часа по првиот позитивен тест

Гувернерот на Охајо, Мајк Девин објави дека неговиот втор тест за коронавирус е негативен само девет часа откако објави дека првиот е позитивен, поради што го откажа официјалниот пречек на американскиот претседател Доналд Трамп во Кливленд.

Републиканецот Мајк Девин објасни дека вториот пат бил подложен на почувствителен PCR-тест, кој за разлика од првиот тест за антигени дал негативен резултат.

„Ние немаме многу искуство со тестирање на антигени овде во Охајо. Соработуваме со производителот за подобро да разбереме како може да се случи такво несовпаѓање помеѓу двата теста на краток рок“, напиша Девин, додавајќи дека во сабота тој, неговата сопруга и соработниците ќе бидат повторно подложени на PCR-тестирање.

Поради позитивниот прв тест, тој го откажа претходно закажаниот пречек на претседателот Трамп во Кливленд.

Трамп одржа говор, како што беше предвидено, и најави дека доколку биде реизбран, тој ќе го искористи зголемувањето на царинските давачки за да ги врати работните места во САД. Тој ги обвини надворешнотрговските партнери дека ги одвлекуваат фабриките од САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната