Утрински Весник
Македонија

Груби и Макрадули промовираа поштенска марка во чест на Рамковниот договор

Груби и Макрадули промовираа поштенска марка во чест на Рамковниот договор

Во рамки на активностите за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот Рамковен договор, првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби заедно со директорот на Пошта, Јани Макрадули, промовираа нова поштенска марка.

Директорот Макрадули на настанот изрази задоволство што на 20-годишнината од Охридскиот договор успеале да направат поштенска марка која, како што кажа, е испечатена во 6.000 примероци и чини 72 денара.

Груби изрази благодарност што Пошта станува дел од манифестацијата која вклучува многу активности кои се организираат во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од договорот.

„Благодарен сум кон оваа институција и кон сите оние кои стануваат дел од манифестациите за одбележување на Охридскиот договор кои ќе кулминираат на 13 август во Скопје со централната манифестација, со поканети од земјата и од меѓународната заедница како директни учесници во изработката и имплементацијата на договорот“, кажа вицепремиерот на заедничката прес-конференција.

Можете да прочитате

Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди