Утрински Весник
Спорт

Греневеген низ солзи се извини што го смести сонародникот во кома

Греневеген низ солзи се извини што го смести сонародникот во кома

Холандскиот велосипедист Дилан Греневеген низ солзи се извини за предизвикувањето на судирот на првата етапа на Трката околу Полска минатата недела, по која неговиот сонародник Фабио Јакобсен заврши во кома.

Греневеген (Џамбо-Висма) доби дисквалификација од трката, а УЦИ и неговиот тим го осудија за „опасното однесување“, откако тој го турна Јакобсен во рекламните паноа на финишот на етапата предизвикувајќи еден од најлошите велосипедски судири во историјата.

„Тоа што се случи беше ужасно. Не можам да најдам зборови да опишам колку ми е жал за Фабио и за другите кои се судрија. Најважно во моментов е здравјето на Фабио и мислам на него цело време“, изјави низ солзи Греневеген.



Греневеген е велосипедски „кретен“ – и тоа не му е првпат! (.)

> Греневеген низ солзи се извини што го смести сонародникот во кома <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фудбалерите денес на мегдан против Ерменија

Месина: Димитријевиќ има квалитет – 24info.mk

Роналдо испочитува фан на сред натпревар (ВИДЕО)