Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација
300x250 opst2

Со оглед дека веќе започна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436 или на [email protected]

Денеска започна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица. Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и во среда, 15 јули 2020, од 07 до 21 часот.

„Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче