Утрински Весник
Македонија

Гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани

Гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани

Во СВР Охрид на 15. февруари било пријавено дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани биле четири гранати.

Како што информираат од МВР, од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано било дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри, по што истите биле безбедно подигнати за натамошна постапка.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница

Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората

Следува натпросечно топло време, снегот на планините забрзано ќе се топи, а котлините ќе бидат многу поладни и со густа магла!