Утрински Весник
Македонија

Го убил кучето на својот сосед и лешот го фрлил надвор од селото

Во вечерните часови на 24 мај, 47-годишен жител на прилепското село Крушејца, пријавил дека неговиот сосед П.Т. (61) од Скопје, кој престојувал во селото, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација.

По извршениот увид, полицијата пронашла две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В, а потоа го фрлил надвор од населеното место.

Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „застава М 72“, кое го поседувал без дозвола. По документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Го убил кучето на својот сосед и лешот го фрлил надвор од селото е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните