Утрински Весник
Македонија

Гостиварец славел со пукање пред партиски штаб

Гостиварец славел со пукање пред партиски штаб

44-годишно лице од Градец-Гостивар било повикано во полициска станица откако по пријава полицијата добила информации дека тој со огнено оружје славел пред партиски штаб.

Имено вчера околу 21.30 часот во Полициската станица Гостивар бил повикан Е.Ј.(44) од гостиварски Градец, постапувајќи по пријава според која на 17.10.2021 околу 21.00 часот пукал со огнено оружје на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино, полошко.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и на посоченото место пронајдени се и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. бил одземен пиштол што го поседувал со дозвола.

Можете да прочитате

Колку поскапо треба да платат граѓаните за Мицкоски да преземе мерки?

Утрово слаб снег во Крушево и магла на Пресека

Ќе се формира Владин центар за одговор на сајбер инциденти