Утрински Весник
Македонија

Гостиварец обвинет за пренесување заразна болест-бруцелоза

Гостиварец обвинет за пренесување заразна болест-бруцелоза

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против еден гостиварец за кривично дело – Пренесување заразна болест казниво по Кривичниот законик.

Обвинетиот не постапил според прописите и издадено решение на надлежниот орган за спречување на заразните болести кај животните кои можат да се пренесат на луѓето.

При извршена контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница, овластени службени лица од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје потврдиле присуство на бруцелоза кај овци и кози.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби. ​​

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија