Утрински Весник
Свет

Големи шумски пожари во Каталонија

Три шумски пожари уништија 1.600 хектари бор и ниска вегетација во источна Шпанија од средата, додека топлотниот бран ги доведе температурите на рекордно ниво, соопштија во четвртокот регионалните пожарникари.

Стотици пожарникари се на терен и се борат со пожарите во близина на градовите Балдомар, Корбера д’Ебре и Кастелар Рибера, соопшти каталонската противпожарна служба.

Повеќето напори се фокусирани на Балдомар, каде пожарот се закани на 20.000 хектари шуми и земјоделско земјиште.

Евакуирани се некои изолирани куќи, како и детскиот центар со 54 малолетници.

Нема извештаи за загинати или повредени.

Големи делови од земјата се соочуваат со екстремен ризик од шумски пожари, соопшти државната метеоролошка агенција АЕМЕТ.

До 5 јуни, изгорената површина во Шпанија беше за 34 отсто помалку отколку во истиот период во 2021 година и најмалку од 2018 година.

Сепак, минатата недела комбинација од топло време, ветрови и невреме предизвикаа пожари низ целата земја.

Жестоки температури ја погодија Шпанија кон крајот на минатата недела, во најраниот топлотен удар од 1981 година, со температури над 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.

Ноќните температури се исто така невообичаено високи, со меѓу 20-25 Целзиусови степени, пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати